Во вториот квартал годинава се евидентирани 4 693 живородени деца, или за 10,6 проценти помалку споредено со истиот период лани. Кај бројот на умрените лица во второто тримесечје од годинава има зголемување од 7,3 проценти во споредба со истото тримесечје од 2018 година и тој изнесува 4 928 лицa. Од нив, 21 се умрени доенчиња.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, природниот прираст изнесува минус 235, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во второто тримесечје од годината е намален за 4,8 проценти во споредба со истиот период од минатата година и изнесува 3.247 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 439 извештаи за разведени бракови.
МИА