Д.П. (59), жител на приедорско село, Босна и Херцеговина, вчера загинал на нива откако активирал експлозивна направа. Неофицијално, како што пишуваат босански медиуми, тој претхпдно поставил минско-експлозивни средства за да ја заштити пченката на неговата нива од диви свињи.
Од полициската станица во Приедор потврдиле дека едно лице загинало како последица од активирање на минско-експлозивна направа.
„Извршен е увид. Телото на настрданиот е однесено на обдукција во Заводот за судска медицина на Република Српска во Бања Лука. Во тек е утврдување на сите околности во врска со несреќата“, соопштува приедорската полиција