Одбележана 28 годишнината од загинувањето на војникот Драгослав Петровски Чиче од тетовското село Ратае, кој животот го загуби во војната во Вуковар во 1991 година.
На одбележувањето на 28 годишнината од неговата смрт, букети цвеќиња пред неговиот гроб положија неговите роднини и пријатели.
Воениот рок Драгослав започнува да го одслужува во Рума, по што е префрлен во Вуковар, Хрватска каде веќе се одвивале воените дејствија.
Таму тој загинува во заседа на последниот ден од одслужувањето на воениот рок. Тогаш имал 21 година.
Драгослав е еден од 54 војници од Македонија кои загинале на боиштата во поранешна Југославија.