Најплатени работни места во САД без факултетска диплома – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/19 7:41 PM

Најплатени работни места во САД без факултетска диплома

За добра работа и висока плата не е доволна само факултетска диплома, некогаш таа и не е потребна. Агенцијата за вработување во САД објави статистика поврзана со просечната годишна заработувачка во државата.

Резултатите покажуваат и кои професии можат да се работат со вишо образование, а некогаш се поисплатливи отколку со завршен факултет. Очекувано највисоки плати имаат докторите на наука, но и оние кои се вработени во здравствениот сектор, анестезиолози, специјалисти и хирурзи.

Овие седум професии спаѓаат во добро платени занимања, кои во САД можат да се работат без факултетска диплома:

Контрола на лет – просечна годишна заработувачка од 124.540 долари

Радиолози – просечна годишна заработувачка од 80.570 долари

Нуклеарни техничари – просечна годишна заработувачка од 80.370 долари

Организатори на погреби – просечна годишна заработувачка од 78.040 долари

Технолози по нуклеарна медицина – просечна годишна заработувачка од 75.660 долари

Дентални хигиеничари – просечна годишна заработувачка од 74.070 долари

Медицински оператори во дијагностика – просечна годишна заработувачка од 71.410 долари.