Наскоро платежни картички со отпечаток од прст – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/19 3:16 PM

Наскоро платежни картички со отпечаток од прст

Од наредната година се очекува да се појават платежни картички кои наместо четирицифрен пин ќе имаат вграден читач за отпечаток од прст – објави Медиумската информативна агенција.

Со платежните картички на новата генерација треба да се подигнат на повисоко ниво ефикасноста за плаќање и безбедноста, наведува британскиот Би-Би-Си Клик. Овие картички не се разликуваат од стандардните, ниту бараат каков било вид на напојување, бидејќи неопходната енергија ја добиваат од електронскиот апарат за наплата, на кој се допираат.

Потребно е претходно картичката да го сними отпечатокот од прст од различни агли. На тој начин никој не може да ја употреби, ниту да ја фалсификува.