На „Галеб“, бродот на некогашната Југословенска воена морнарица, кој беше пловечка резиденција долга 120 метри на Јосип Броз Тито, со која тој го обиколи светот, почна да му се враќа стариот сјај.
„Галеб“, кој одамна не е во функција, во последните осум години е закотвен во Риека. До крајот на 2020 година траба да стане Музеј на Титовите патувања и хотел со 90 кревети, пишуваат хрватски медиуми.
Тој е еден од шесте објекти со кои Риека се подготвува за Европска престолнина на културата