Шест пати пониско од просекот за август е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, додека Вардар кај Велес, Црн Дрим кај Ложани, Струмица кај Ново Село, Пчиња кај Пелинце и Лепенец кај Скопје бележат двојни намалувања.
Според денешните хидролошки мерења, повисоки вредности покажуваат Вардар кај Скопје, Јегуновце и Демир Капија, Брегалница кај Штип и Црна Река кај Новаци.
Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се околу августовскиот просек.
МИА