Жбогар: „Рекет“ стана „реалити шоу!“ а лажните вести модус операнди во земјата – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/19 1:46 PM

Жбогар: „Рекет“ стана „реалити шоу!“ а лажните вести модус операнди во земјата

Судството веројатно сфаќа дека можеби ја има последната шанса да ја врати довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага на случајот „Рекет“, но и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа, и за тоа има целосна поддршка од наша страна, порача денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Апелира политичарите да не се мешаат во одлуките на судот и оти шансата за враќање на довербата во институциите е токму кај судството.

Жбогар кој зборуваше на форум во Стопанската комора, оцени дека случајот „Рекет“ е трансформиран во риалити шоу, а лажните вести и доведувањето во прашање на се и сешто, станаа модус операнди во земјата.

„Судскиот процес за кој сведочиме деновиве беше трансформиран од политиката и од некои домашни и странски медиуми во риалити шоу. Тие се обидоа да му ја преземат улогата на судството, да ја играат улогата на „поголемиот брат“, диктирајќи ги играчите внатре, во куќата, што е судството…Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа и во тоа има целосна поддршка од наша страна“, рече Жбогар.