Понеделнички, кога вообичаено им и најголем број на граѓани кои бараат здравствена заштита, двата лифта во Здравствениот дом во Штип не работат. Пред двата лифта во приземјето на зградата со четири ката, има поставено една клупа, како бариера. На ова алармираше повозрасен слушател на Канал 77, кој требало пеш да се искачи до третиот кат.
-Кога влегов во Здравствениот дом наидов на расипани лифтови. Се искачив пеш до третиот кат, а на враќање седнав да одморам на клупата што е поставена пред лифтовите. Додека седев на клупата, донесоа еден човек од Свети Николе со мозочен удар во инвалидска количка, а требаше да се јави на лекар (не знам на кој кат), па мораше да ја испрати жена му за да ја повика докторката или докторот за да слезат долу. Не знам што направија бидејќи набргу си отидов, раскажува слушателот.
Засега нема информација поради што во ист ден откажале двата лифта во оваа витална здравствна установа, која дневно ја посетуваат по неколку стотина пацинети.