Македонскиот премиер Зоран Заев и неговата колешка од Србија Ана Брнабиќ денеска имаа средба на граничниот премин Табановце – Прешево каде од денеска ќе постои интегриран граничен премин, односно со едно застанување ќе се минува државната граница.
Иако со овој проект двајцата премиери ветуваа побрз транспорт на стока и патници, додека тие беа на Табановце околу час и половина сообраќајот беше затворен, а патниците кои тргнале да ја минат границата беа заглавени на пеколните температури.
Нервозни и револтирани, дел од нив веќе излегоа од автомобилите, останатите се разладуваа со клима уредите.
Откако со дваесетина возила двете делегации заминаа кон Скопје, возилата беа пропуштени и сообраќајот нормализиран.