В среда во Преспа почнува првиот спортски камп за лица со попреченост – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/19 11:26 AM

В среда во Преспа почнува првиот спортски камп за лица со попреченост

Во еден од хотелите во Преспа задутре почнува првиот спортски камп за лица со попреченост – соопшти денеска  Здруженито  за адаптивни спортови и рекреација „Рекреакција“ Ресен.

Од среда па до недела, учесниците ќе имаат можност да добијат обука во адаптивно пливање и адаптивно нуркање од страна на реномирани инструктори од својата област. Дополнително, во рамките на кампот ќе биде одржана и обука за животни вештини за лицата со попреченост.

Настанот се организира во рамки на проектот „Спорт за сите“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската унијa, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации.