Долгови од илјадници евра имал Бојан Јовановски – Боки 13, кој долго време го користел пријателството со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева како причина да не плаќа што и да купува, тврди А1он. Тој наводно ја немал платено ниту дел од опремата за телевизијата, за која имал долг од 200.000 евра, а не биле платени ниту пари за изнајмениот простор каде што се наоѓа таа. Кога му ги барале парите што ги должел, најчестиот одговор од него бил: „Знаете ли вие со кого јас се познавам?
Додека тој е во притвор, фирмите си ги бараат долговите. Според информации на А1он, освен мебелот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вредност од пет илјади евра, Бојан Јовановски се јавува како купувач и на мебел од околу 100.000 евра за неговиот стан во елитната населба во Орман, кој не се води на негово име. Била платена само неговата гардероба која наводно чини околу 100.000 евра и парфемот од 800 евра, кој наводно ѝ го купил на Катица Јанева. Останува отворено прашањето како Бојан Јовановски успевал да го живее сиот тој луксуз со блокирана трансакциска сметка и на кој начин кај него се слевале парите за да може да патува на најскапи локации, да купува најскапа брендирана гардероба и луксузен мебел.
Сето ова се очекува да биде отворено во иднина, доколку биде проширена истрагата за случајот „Рекет“.