Сите споменати во исказот на Орце Камчев да бидат повикани на распит, бара опозицијата – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/19 5:08 PM

Сите споменати во исказот на Орце Камчев да бидат повикани на распит, бара опозицијата

Зоран Заев знаел за случајот Рекет и не само што знаел, туку и позадински го водел и управувал целиот Рекет, како да се одвива и ги полнел со информации оние кои што биле негови извршители – обвини денеска опозицијата.

„Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на оваа Влада и Зоран Заев е ништо повеќе од еден обичен аболициран криминалец. Зоран Заев не само што не го пријавил случајот Рекет, туку како што видовме од записникот и го опструирал. Од она што можеше јавноста да го види е дека Заев кога дознал дека оштетениот го пријавил случајот, ги предупредил извршителите на рекетот, неговите извршители да прекинат комуникација со оштетениот бизнисмен“, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој бара Обвинителството да ги повика на распит ите лица споменати со исказот на Орце Камчев, за кој записникот денеска беше објавен во медиумите.