Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро им нареди на вооружените сили да помогнат во гаснење на големите пожари во Амазонската прашума – белите дробови на светот, јави Би-Би-Си.
Трупите ќе бидат распоредени во природни резервати, домородни територии и погранични области во регионот – одлучи Болсонаро по силниот притисок на европските лидери. При тоа, тој ги искритикува реакциите на меѓународната заедница, велејќи дека пожарите „не можат да се користат како изговор“ за санкциите.
Франција и Ирска се заканија дека ќе блокираат договор за слободна трговија меѓу ЕУ и земјите на Меркосур (Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај) доколку Бразил не ја заштити Амазонската прашума во која моментно беснеат пожари.
Според францускиот претседател, Макрон рекордниот број пожари во Амазонската прашума е „меѓународна криза“ што треба да биде на врвот на агендата на самитот Г7 во Франција овој викенд.