Помеѓу островите Брач и Шолта, во близина на Слит, вчера се случи хаварија на помал брод, а посадата на бродот ја спасиле странски туристи кои се наоѓале недалеку од несреќата на катамаранот „Блонди 2“.
Несреќата се случила во 14.15 часот. По странските туристи, набрзо дошол уште еден катамаран што го одвлечкал бродот на брегот на Брач, пренесува „Далмација данас“.
Капетанот на Пристаништната капетанија Сплит, Жељко Куштера, рече дека во несреќата не е повреден никој, пренесува порталот „Морски“.