Стопанската комора на САД го одби предлогот на Доналд Трамп американските компании веднаш да почнат да бараат алернативи за кинескиот пазар по тензиите помеѓу двете најголеми еконимии откако Пекинг најави дека ќе воведе царини на увозот на американски стоки вредни 75 милијарди долари.
Комората ги повика администрацијата на претседателот Трамп и Кина да се вратат на преговорите за склучување спогодба за да се реши проблемот со трансферот на технологија, примената на интелектуална сопственост и со пристапот на пазарите.
Американскиот претседател вчера изјави дека им наредил на компаниите од САД да ја напуштат Кина, откако Пекинг најави воведување царини на американската стока во износ од 75 милијарди долари.
Со оваа објава се продлабочи трговската војна меѓу двете најголеми светски економии. Трамп вчера се сретна со главните функционери за американската економија , изјави за Ројтерс функционер од Белата куќа.
„Не ни’ треба Кина и искрено, ќе биде многу подобро без нив“, напиша Трамп на Твитер.