Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што вечерва се случи на автопатот Демир Капија – Неготино, а 11 лица мигранти се примени на лекување во кавадаречката болница.
Возилото со кое се превезувале мигрантите удрило во задниот дел од товарно возило кое се движело во ист правец, по што избил пожар во едното возило.
Директорката на Здравствен дом Неготино потврди дека се дејствувало со три медицински возила за помош на повредените во несреќата.
Неофицијално, од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на скопските клиники.