Активносите за реконструкција на патот Тетово – Попова Шапка застанале на само еден километар пред овој туристички центар реагираа денес од граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка”. Исто така тие велат дека на ова место надлежните ветиле дека ќе има проширување.
– Патот е незавршен, односно до пола. Бараме од Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за државни патишта, директно и од министерот Крешник Бектеши, којшто изјави дека ќе има проширување на патот на влезот на Попова Шапка, кој треба да се протега до претседателската резиденција, хитно да интервенираат додека изведувачите се уште се на терен, истите моментално работат во приватните сектори, но мислам дека можат да се вратат за да го завршат овој проект. Овој проект е застанат до пола. Ние се навикнавме како нашата држава работите ги тера до пола, изјави Хамди Сулејмани од Иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка”.
Од Иницијативата со реакција дека ништо не се презема за подобрување на условите во викенд населбата на Попова Шапка.
-До каде е проектот за инфраструктурата во викенд населбата Попова Шапка? Овде гледаме како сите работи стојат и ништо не се движи во позитивна насока. Го замолуваме заменик премиерот на Владата за економски прашања да интервенира што побрзо и да дава позитивен одговор на проектот којшто му с тои веќе година и пол дена во неговиот кабинет за имплементација и за давање поддршка на Општина Тетово да го реализираат овој капитален проект. Ја замолуваме и локалната власт да ургираат за побрзо решавање на овој проблем, додаде Сулејмани.
Инаку, активностите за реконструкција на патот Тетово- Попова Шапка, во должина од 18,2 километри, започнаа минатиот месец. Врз оваа делница се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки, па поставување асфалт над целиот коловоз, проект на Светската банка.
Данијела Билбилоска