Се’ е можно: Жена во Требиње го отворила фрижидерот, а во него змија од 1,5 метар – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/19 9:28 AM

Се’ е можно: Жена во Требиње го отворила фрижидерот, а во него змија од 1,5 метар

Припадниците на „Екологија и безбедност“ од Требиње, во тој град во БиХ имале несекојдневна активност – отстранување змија од фрижидерот на едно домаќинство, пишуваат босанските медиуми.

Змијата била долга 1,5 метар и многу агресивна, но, на барање на сопственикот на куќата, не била убиена, туку пуштена покрај блиската река.

Семејството не знае како влегла во фрижидерот. Ја видела домаќинката кога го отворила фрижидерот. Првин помислила дека е некаков кабел и посегнала да го извади. За среќа, со вчудовидување заклучила дека се работи за змија и на време ја повлекла раката. Змијата брзо излегла од фрижидерот и се скрила под него.

Завчера, пак, во шума кај љубинско село илегален мигрант од Мароко бил каснат од змија-отровница. Селани го однеле во болницата во Требиње, каде што бил хоспитаизиран. Но, ноќта избегал. Полицијата, сепак, го пронашла. По каснуваето и болничката терапија, бил надвор од животна опасност.