Четириесет и тригодишниот, Меди Бастони од Индонезија решил да оди 700 километри наназад за да привлече внимание и да укаже на уништувањето на шумите на островот Јава. Овој предизвик Бастони го почнал на 18. јули и планира да го заврши во главниот град Џакарта.
Веќе во текот на утрешниот ден, тој треба да го заврши своето патување и планира да се сретне со претседателот на Индонезија, Јоко Видодо и да го замоли да засади нови дрвја на Јава.
Бастони и минатата година одел наназад во борба против уништувањето на шумите.


