Непалските власти ќе ја забранат пластиката во околина на Еверест – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/19 2:11 PM

Непалските власти ќе ја забранат пластиката во околина на Еверест

Непалските власти ја забранија пластиката за еднократна употреба во регионот на Еверест, во обид да се намали количеството отпад што зад себе го оставаат планинарите. Одлуката ќе стапи на сила во јануари наредната година и ќе ги опфати сите видови пластични шишиња.

„Ако почнеме веднаш, тоа ќе помогне регионот, Еверест и планините да ги одржиме чисти на подолг период“, изјави локален функционер.

Во последната акција на чистење, на Монт Еверест беа собрани 11 тони отпад.

Во регионот Кумбу Пасанг Ламу секоја година доаѓаат десетици илјади туристи и властите постојано воведуваат нови мерки за да се намали нивното влијание врз околината. Дозвола за искачување на највисокиот врв на светот Еверест чини 11.000 долари и се предлага нејзино поскапување на најмалку 35.000.