Од космодромот Бајконур во Казахстан утринава е лансирана ракетата-носач „Сојуз-2.1а“. Хуманоидниот робот Фјодор при полетувањето на бродот „Сојуз МС-14“ извика: „Одиме, одиме, повторувајќи ја познатата фраза на Јуриј Гагарин.
По осум минути и 49 секунди бродот излезе во орбитата и тргна кон Меѓународната вселенска станица. Од тој момент роботот Фјодор може да се смета за космонаут зашто ја премина условната граница од сто километри над земјата.


