Лекар изутрината ја прегледал специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по помината ноќ во притвор во затворот во Шутка. Притворената обвинителка не е сместана со останатите притвореници, откако е направена безбедносна проценка. Изутрината во полициска придружба Јанева замина за Гевгелија на погреб на нејзината мајка.
-Ние само спроведуваме судска одлука. Попладне Јанева ќе биде вратена назад, кратко одогвори Есад Рахиќ, директор на затворот „Скопје“.
Катица Јанева синоќа пред 22 часот е однесена во притвор во трење од 30 дена за случајот „Рекет“ поради злоупотреба на службена положба.