Фетаи: Никој не е недопирлив – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/19 8:58 AM

Фетаи: Никој не е недопирлив

Тоа што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара. Работите конечно се придвижуваат во позитивна насока. Едноставно, никој не е недопирлив – изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи, прашана од новинарите за коментар за тоа што е осомничена Катица Јанева.

„Индивидуалната кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор односно оправдување за да се заборави целокупниот криминал којшто беше  беше направен во нашата држава во последниот период“, посочи Фетаи. Според неа, тимот на СЈО е во целост посветен  на борбата за правда:

„Продолжуваме  со она што е наша работа – застапување на предмети во судница“.