Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор на специјалната јавна обвинителка Јанева по повеќе од 4 часа распит.
Со полициска придружба Јанева вечерва ќе биде спроведена во истражниот затвор во Шутка. По барање на нејзиниот адвокат Јанева утре ќе присуствува на погребот на нејзината мајка која почина утрово.
Со полициска придружба Јанева утре ќе биде спроведена од затворот Шутка до погребот во Гевгелија. Јанева има право на жалба за определена мерка притвор во следните два дена пред кривичниот совет.