За две години Општина Чашка инвестираше 4 милиони евра во капитални инвестиции – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 5:00 PM

За две години Општина Чашка инвестираше 4 милиони евра во капитални инвестиции

Општина Чашка за две години доби 132 милиони денари од Јавното претпријатие за државни патишта за реализација на проекти за асфалтирање на 6,5 км од патниот правец населба Чашка – село Лисиче, потоа од село  Бусилци до село Стари Град, регионалниот пат од село Согле до село Богомила, 14,5 милиони денари за изградбата на мостот во село Богомила за да се заштити Римскиот мост, културно наследство на кое се особено горди жителите на Општина Чашка  и 50 милиони денари за асфалтирање на 6 км од регионалниот патен правец село Гостиражни – село Богомила се само две капитални инвестиции кои ги издвои денеска на 23-тата годишнина на општината, градоначалникот Горан Стојановски.

– Со оглед на тоа дека се ближи есента а патот Гостиражне – Богомила се наоѓа во планински предел се надевам дека ЈП Македонија пат ќе успее годинава да го асфалтира овој патен правец, рече градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.

На територијата на општина Чашка има 132 км регионални  и 125 км локални патишта.Јавното претпријатие за државни патишта поддржа повеќе проекти за нивна изградба и асфалтирање.  Сега општината е посветена на решенија за горливиот проблем, обезбедување на доволни количини на вода за пиење.

– – Проблемот е најизразен во селата Богомла и Согле, од каде водоводот го превземавме лани во месец ноември, како и во населбата Чашка. Годинава во трите населени места извршивме испитувања и констатиран се локации со количини на вода. Општината, со ребалансот на буџетот планиран за во понеделник на седницата на Советот, кога се очекуваат измени и на јавните набавки ќе можеме да ги започнеме бушењата на локации во овие три  и на четврта локација во село Мартолци, кое е евидентирано во претходната програма.  Бушењата ќе се реализираат на длабочина од триесет метри со пресек на цефка  фи три, рече Стојановски.

По спортската сала во населбата Чашка, добиена од министерството за образование, преку апликација општината ќе обезбедува и втора од програмата „Десет спортски сали во рурални средини“ а третата  во училиштето во село Мелница ке ја реконструира од сопствени заштеди.

Убавка Јаневска