Се враќаат Нео и Тринити: Се снима „Матрикс 4“! – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 3:22 PM

Се враќаат Нео и Тринити: Се снима „Матрикс 4“!

Кога ќе помислиме на кариерата на Кијану Ривс не може а да не потврдиме дека секогаш знае како да изненади.

Последната вест за него гласи дека ќе се снима „Матрикс 4“. Она што е потврдено е дека Кијану Ривс и Кари Ен Мос ќе се појават во главните улоги како Нео и Тринити.

Она што е познато дека Лана Вачовски, оригиналниот писател на „Матрикс“, ќе го пишува сценариото и ќе го режира филмот, додека продукцијата и дистрибуцијата на филмот ќе го работи Ворнер Брос и Вилиџ Роудшоу.

Од Ворнер Брос велат дека „сите се многу возбудени што се враќа Матрикс“ и едвај чекаат да завлезат во ново поглавје на овој универзум. Според најавите на продукцијата филмот ќе почне да се снима некаде на почетокот на 2020 година, пренеусва „Плеј“.

Потполно неочекувано, но исто времено и одлична информација, со нетрпение ќе чекаме да видиме што ни носи новото поглавје од оваа приказна и на кој начин ќе се објасни она што се случувало во последното дело.