Катица Јанева вратена во нејзиниот дом – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 3:03 PM

Катица Јанева вратена во нејзиниот дом

Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“, е вратена во нејзиниот дом во Скопје, каде пристигнал и нејзиниот адвокат Стеван Павлевски. Пред домот на Јанева има полиција, а пристигна и камион, каде се очекува да се пренесат материјалите што ќе бидат земени од нејзиниот дом.

Според најавите, Јанева треба да биде однесена во Кривичниот суд во Скопје, каде судија на претходно постапка го разгледува барањето за притвор поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“.

Обвинителството соопшти дека е запленет слубениот компјутер на Јанева во СЈО, а се врши претрес во нејзините куќи во Гевгелија и Скопје.