По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, во тек е акција за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, објавуваат медиумите.
Наскоро се очекуваат повеќе информации од Обвинителството за организиран криминал каде вчера Јанева беше на распит.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 14 часот најавија прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како „Рекет“. На прес конференцијата ќе присуствуваат јавниот обвинител Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител Лилјана Спасоска и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.