Албанија: Баша го обвинува Рама за кражба на милијарди евра – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 10:45 AM

Албанија: Баша го обвинува Рама за кражба на милијарди евра

Лидерот на албанската опозиција Љиљзим Баша од Демократската партија вчера го обвини премиерот на Албанија, Еди Рама, за големи кражби.

„Еди Рама е уметник за измами. Се’ што вети, се’ што рече е лага, а целта се само кражби“, смета Баша, наведувајќи дека Рама со семејството и со пријателите за шест години украл милијарди евра.

„Тие се богатат, додека обичните и незаштитени луѓе се се’ посиромашни. Секое трето албанско семејство нема што да јаде зашто нивните пари ги украде Рама“, пишува Баша.