Лидерот на албанската опозиција Љиљзим Баша од Демократската партија вчера го обвини премиерот на Албанија, Еди Рама, за големи кражби.
„Еди Рама е уметник за измами. Се’ што вети, се’ што рече е лага, а целта се само кражби“, смета Баша, наведувајќи дека Рама со семејството и со пријателите за шест години украл милијарди евра.
„Тие се богатат, додека обичните и незаштитени луѓе се се’ посиромашни. Секое трето албанско семејство нема што да јаде зашто нивните пари ги украде Рама“, пишува Баша.


