МТСП планира до крајот на годинава да отвори повеќе засолништа за жртви на семејно насилство – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 10:46 AM

МТСП планира до крајот на годинава да отвори повеќе засолништа за жртви на семејно насилство

До крајот на оваа година во повеќе региони низ државата ќе бидат отворени неколку нови специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство – најави Министерството за труд и социјална политика, од каде појаснуваат дека целта на вие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство. Истовремено од ресорното министерство информираат дека веќе се подготвува  законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената.

Со поддршка на Холандската амбасада пак, ќе се реализираат дел од активностите кои ги предвидува  Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција.

Овој документ, македонското Собрание го ратификуваше на почетокот на ланската година, со цел да се креира атмосфера ослободена од насилство против жените и семејно насилство воопшто.