Вучиќ: Од односите меѓу Србите и Албанците, како два најголеми народа на западниот Балкан, зависи иднината на регионот – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 10:42 AM

Вучиќ: Од односите меѓу Србите и Албанците, како два најголеми народа на западниот Балкан, зависи иднината на регионот

Белград има поддршка од Вашингтон во настојувањето Приштина да ги укине царините на стоката од Србија, со што би почнал отворен политички дијалог со косовските Албанци, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со американскиот државен секретар Помпео вчера во Њујорк.

Според оцената на Вучиќ, од односот меѓу Србите и Албанците, „како два најголеми народа на западниот Балкан“, зависи иднината на регионот.

„Колку побрзо пронајдеме решение, толку побрзо ќе им осигуриме иднина на луѓето“, истакнува Вучиќ, наведувајќи дека е задоволен поради фактот дека тоа што го зборувал предизвкало внимание кај Помпео.