Италија: Претседателот Матарела почнува консултации за формирање нова влада – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 10:34 AM

Италија: Претседателот Матарела почнува консултации за формирање нова влада

Претседатеот на Италија, Серѓо Матарела, ја прифати оставката на премиерот Ѓузепе Конте и денеска ќе почне консултации со партиските челници за надминување на политичката криза, соопштуваат од канцеларијата на претседателот.

Матарела го замолил Конте да остане на власт и да ги извршува секојдневните обврски до завршувањето на кризата. Се очекува дека ќе има политичка волја за формирање нова влада. Во спротивно, ќе мора да се распушти парламентот и да се распишат предвремени избори.

Конте, кој не е член на ниту една парија, но се смета за близок со Движењето пет ѕвезди, во парламентот претходно соопшти дека работата на неговата влада заврши поради разликите со челникот на Лигата, министерот за внатрешни работи Матео Салвини.