Стејт департментот одобри продажба на 66 авиони Ф-16 на Тајван, Кина се заканува со противмерки – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 10:30 AM

Стејт департментот одобри продажба на 66 авиони Ф-16 на Тајван, Кина се заканува со противмерки

Американскиот Стејт департмент ја одобри осум милијарди долари вредната продажба на борбени авиони Ф-16 на Тајван. Во неа се вклучени 66 авиони, 75 мотори „генерал електрика“ и придружна опрема.

Кина остро го осуди тоа и најави дека, ако се случи такво нешто, ќе примени противмерки, не прецизирајќи за што точно се работи.

Пентагон и Стејт департментот претходно одобрија и продажба на друго оружје, вклучувајќи и тенкови и стингер-ракети, на Тајван во вредност од 2,2 милијарди долари, а Пекинг тогаш предупреди дека ќе воведе санкции за сите американски компании вклучени во тој договор.