Временска прогноза за денеска: Сончево со мала локална облачност и температура до 38 степени Целзиусови – ММС
ММС

Објавено на: 08/21/19 8:01 AM

Временска прогноза за денеска: Сончево со мала локална облачност и температура до 38 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево и многу потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 19, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени.

УВ -индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

Продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемувањето на облачноста ќе започне од петок. Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.