Посетителите во Лувр тврдат дека владее хаос и лоша организација – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/19 1:52 PM

Посетителите во Лувр тврдат дека владее хаос и лоша организација

Посетителите на најголемиот француски музеј Лувр се повеќе реагираат што се приморани да чекат во долги редици со цел да ја погледнат најславната слика од тој музеј, портретот на Мона Лиза од Леонардо Да Винчи.

Посетителите се жалат што се во долги редови и чекаат долго, но најмногу им пречи што им е дозволено само неколку минути да ја погледнат славната слика затоа што чуварите ги бркаат да продолжат, пишува Њујорк Тајмс.

Со оглед на тоа што сликата е со мали димензии, посетителите се жалат дека не можат добро да ја видат од далечината која е дозволена.

Инаку Мона Лиза моментално е сместена на своето стандардно место бидејќи салата каде што претходно била сместена сликата сега се реновира и сместена е во монументалниот дел „Медичи“ во кој се наоѓа Рубенсовата палата која со својата големина доминира над сликата со Мона Лиза.

Управата на Лувр, токму затоа предлага посетителите да закажат „Средба со Мона Лиза“ и само тие кои ќе имаат резервација, од нив 30.000 кои доаѓаат само да ја погледнат сликата на Леонардо, можат сигурно и тоа да го направат, но исто така, само неколку минути.

Посетителите се жалат и на тоа дека чуварите им дозволуваат само една минута за да направат селфи покрај Мона Лиза и тврдат дека во Лувр владее хаос, дека имаат лоша организација и дека чуварите лошо се однесуваат со посетителите.

Лувр е најпосетениот музеј во светот и секоја година во него доаѓаат најмалку 10,2 милиони посетители, од кои 80 отсто доаѓаат само поради Мона Лиза.

Управата дозволи посети во Лувр само три дена во текот на неделата и препорачуваат заинтересираните уште од сега да ги резервираат своите посети за наесен бидејќи тоа е единствен начин да им гарантира влез во музејот.

Мона Лиза ќе биде вратена на своето постојано место во октомври, кога ќе биде отворена голема изложба посветена на 500 годишнината од смртта на Леонардо.