Ова лето две градинки во Тетово комплетно се реновираа – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/19 1:38 PM

Ова лето две градинки во Тетово комплетно се реновираа

Ова лето две градинки во Тетово комплетно се реновираа. Досега во овие објекти се вршеа само тековни активности, без поголеми градежни активности.

Две детски градинки во Тетово во текот на летото беа комплетно реновирани. Од септември внатрешноста на објектите ќе има нов лик и услови според потребите на децата кои престојуваат во неа, како и за вработените. Паралелтно со Стара градинка започнаа активностите и во Поток.

-Во објектот Поток е сменета канализационата и водоводната мрежа, а поставена е и нова санитарија. Исто така направивме спуштени плафони за поголема енергетска ефикасност, а за заштеда на електрична енерија поставиме и лед светилки. Се поставија нови ламинат подови , бидејќи паркетите беа дотраени. Ќе има нови шкафови, креветчиња и столчиња, а се надеваме дека ќе обезбедиме и нови играчки, зависно од финасиските средства, изјави директорката на детската градинка Младост, Рамије Даути.

Инаку речиси сите објекти во Тетово на детската градинка Младост се реновирани во изминатиот период. Останува уште објектот Спортски, за кој раководството планира активности за негово реновирање идната година.

Данијела Билбилоска