Пол Дурант (60) во јавноста ќе остане познат како британски убиец и канибал што ја изеде својата девојка Карен Дурел. Гнасното злосторство веднаш го признал во полицијата, а деновиве „Канибалот Коста“ излезе од затвор на слобода што многу го вознемири семејството на покојната Карен, пишува „Тхе Сан“.
Пол Дурант или Канибалот Коста, инаку некогашен зависник од хероин, ја убил Карен во 2011 година. Таа имала 41 година и две деца. Била разведена. Дурант тогаш бил во бегство поради две кражби на банка. Ја запознал Карен откако таа се развела. Со недели подоцна, полицијата провалила во нејзиниот стан во кој пронашла крв, нож и пила со трагови од човечко месо – но без тело.
„Откако ја убив, ја исеков на мали делови, па ги изедов деловите што беа јадливи“, изјавил тогаш Дурант во полицијата.
Тој по излегувањето од затвор се доселил во лондонски кварт. Откако дознале кој им е нов сосед, жителите на населбата се загрижени. Велат дека канибалот често бил во паб и многу пиел.