Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави фотомонтажа на Твитер шегувајќи се на сметка на својата понуда да го купи островот Гренланд.
„Гренланд не е на продажба, а идејата да и’ се продаде на САД е апсурдна“, порача претходно данската премиерка Мате Фредериксен, откако економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Вашингтон е заинтересиран за купување на Гренланд.