Доцна синоќа изгаснати се пожарите во скопскиот регион – ММС
ММС

Објавено на: 08/20/19 7:59 AM

Доцна синоќа изгаснати се пожарите во скопскиот регион

Цел ден вчера се’ до пред полноќ траеше борбата со огнот со шумските пожари во скопскиот регион. Доцна синоќа се изгаснати шумските пожари во селата Љубин и Кондово, Општина Сарај, што беа активни во текот на вчерашниот ден. Во моментов нема активни пожари во Скопје и околината.

Во Кондово огнот бил изгаснат синоќа во 23.30 часот, а во Љубин во 22.10 часот, каде пожарникарите беа на терен повеќе од 14 часа.

Од Противпожарната единица на Град Скопје апелираат граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.