Над двеста поранешни работници на велешка Порцеланка кои имаат извршни судски решенија за наплата на побарувања по основ на неисплатени плати и други надоместоци се одзваа на поканата на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и дојдоа да разговараат на закажан состанок во Велес. Едни побаруваат по неколку а има и други со по десет и повеќе илјади евра. Нивните приказни, како што рече, за прв пат ги слушнал претсетателот на конфедерацијата Марјан Ристески.
– За жал во Македонија не е само Порцеланка постојат и други вакви фирми. Замислете граѓани на државата имаат добиено судски пресуди и извршно решение треба да си наплатат а некој дваесет г одини свесно ги манипулирал, фирмата згасната и непостои а овие луѓе се изманипулирани, рече Ристовски.
Тој рече дека ќе го актуелизира проблемот бидејќи учествува во владиниот социјално економски совет.
– При средба со министри па и со Премиерот ќе го актуелизираме ова прашање. До каде се ова ќе оди незнам и не сакам на луѓето да им давам лажна надеж, додаде Ристески.
Но, на средбата незадоволни ,дел од присутните поранешни работници на велешка Порцеланка покажаа уплатници со кои уплаќале по 900 денари на граѓанско здружение од Велес кое се нудело да им помогне во постапката за обештетување. Ристески се огради а претседателот Марјан Зафиров со поинаков дел од приказната . Тој рече дека станува збор за граѓанското здружение „Нова Ере“ и откри зошто биле уплатувани средствата.

– Целта е да помогнеме на хендикепирани лица а и на овие работници на кои им треба помош. Некој треба да трча. Тие прво прифатија да состават тим а потоа се откажаа и рекоа дека колку треба ќе платат за да се зафрши работата, рече Зафиров.
Според него во канцеларија што граѓанската „Нова Ере“ ја закупила за еден месец биле прибрани податоци за 1480 поранешни работници во Порцеланка со оштетни и не наплатени побарувања. По средбата со конфедерацијата, како што беше соопштено, формиран е седумчлен одбор составен од поранешни работници на Порцеланка кој ќе работи на изнаоѓање на решение за наплата на нивните парични побарувања.
Убавка Јаневска


