Македонските власти го ослободија од притвор поранешниот борец на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина, кого Србија го бара по потерница за извршени воени злосторства против Србите на Косово. Тој беше притворен од македонските власти, а по одлука на Врховниот суд беше пуштен, но со задржан британскиот пасош.
Томор Морина како припадник на ОВК служеше во зоната Дукаѓини и учествуваше во многу битки. По војната, тој емигрирал во Велика Британија каде живее семеен живот и станал британски граѓанин. Летово, додека бил во посета на Косово, се упатил кон Скопје, при што бил приведен од македонски власти, кои реагирале по потерница издадена од Интерпол по барање на Србија.
Морина за „Косовапрес“ објаснува како бил задржан таму.
-Дојдов од Лондон на неколку дена одмор и отидов да пречекам пријател на скопскиот аеродром кој доаѓа од Шведска. Патувавме со друг пријател. Застанавме на граничниот премин Блаце, кога ми беше речено дека за мене има налог за апсење од српската држава. Потоа бев уапесен и испратен во Скопје во регионалната полиција, каде ми беше потврдено дека сум приведен по потерница од српската држава за наводни воени злосторства што сум ги извршил во 1999 година. Јас сум државјанин на Велика Британија и државјанин на Косово, имам две државјанства, раскажува Морина, со објаснување дека патувал постојано.
-И претходно сум бил во Македонија, но ништо слично не се случило. Обвинението е дека убил многу луѓе и запалил куќи пред две децении.Тие го задржаа мојот британски пасош. Сега чекам, јас сум во комуникација со адвокатот Насер Рауфи и ќе видиме што се случува. Јас немам ништо со Македонија, ќе комуницирам преку британската амбасада во Косово или преку адвокат во Скопје“, вели тој.
Морина вели дека додека бил во притвор бил третиран добро и на најправилен начин.Но, според него, затворските услови се тешки и не ги исполнуваат критериумите.
Томор Морина, помина 20 дена во притвор во Македонија, вели дека знаејќи дека е невин, имал предвид дека ќе биде ослободен, бидејќи , според него обвиненијата немаат основа.
Морина вели дека Македонија не треба да издава налози за апсење на Србија против косовските борци бидејќи ОВК е чиста.