Скопско под опсада – нов пожар во Љубин – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/19 2:00 PM

Скопско под опсада – нов пожар во Љубин

На потегот кон село Рашче во Општина Сарај во селото Љубин гори сува трева и борова шума. На терен се пет возила и 25 пожарникари.

-Пожар над село Љубин во правец кон село Рашче на неутврдена поголема површина зафатена е борова шума. На лице место на пожарот се БППЗ на Град Скопје. Поради непристапноста на теренот, гаснењето е отежнато, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Ова е втор поголем пожар во скопско, тој што што избувна вчера во населбата Пинтија. Пожарникарите до пладне се обидуваа да го изгаснат целосно.

Од Протвпожарната единица апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.