Излета возило во спротивната лента на автопатот Миладиновци – Штип – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/19 12:53 PM

Излета возило во спротивната лента на автопатот Миладиновци – Штип

Возило кои сообраќало на релацијата Штип – Миладиновци, пред излезот за Куманово, излета од својата лента, ја пробило заштитната ограда и влетало во спротивната лента на која се води на релација Миладиновци – Штип. Според репортерот на Канал 77, незгодата се случила по 13.40 минути. На место на незгодата има сообраќајна полиција, пожарникари, а повикано е и возило на Итната медицинска помош. Сообраќајот на патот Миладиновци – Штип веднаш по вклучувањето од патарината,  се одвива забавено. Повеќе информации очекуваме во текот на денот.