Фетаи: За „Рекет“ е надлежно друго обвинителство, не се мешаме – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/19 9:34 AM

Фетаи: За „Рекет“ е надлежно друго обвинителство, не се мешаме

Не сакам да се мешам во истрагата за случајот „Рекет“. Постапката ја води друго обвинителство кое е надлежно и не сакам да се мешам, изјави денеска обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“.

Таа додаде дека обинителите од Специјалното јавно обвинителство продолжуваат со својата работа. Еве денеска сме на судењето за „Титаник 3′”, изјави Фетаи пред судењето.

Обвинителката Фетаи жестоко се спротистави на одлуката на својата шефица Катица Јанева за претрес при влез и излез од зградата на СЈО.