Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ индексот ќе биде 8.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје и во Штип до 34 Целзиусови степени, Охрид до 30, Маврово до 27, Битола до 32, Дојран и Кавадарци до 35, Крива Паланка до 31, Берово до 28…
И за утре прогнозата е претежно сончево со слаб до умерен ветер од источен правец. Температурите ќе бидат за степен до два повисоки