Локализиран е пожарот кај Пинтија – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/19 8:45 PM

Локализиран е пожарот кај Пинтија

Локализиран пожарот во скопско од страната на  населбатаПинтија и е ставен под контрола.  Припадници на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се на терен во контрола. Во еден дел пожарот вечерва нема да се третира поради непристапност на теренот. Во огнот изгоре поголема површина на мешана шума.

Пожарот избувна денеска околу 11:30 часот  над  Пинтија. Огнот се доближи на 200 метри до куќите. Центарот за управување со кризи јави дека еден крак од пожарот се приближил кон објект од фирма за производство на петарди и експлозивни материјали, заради ова беа испратени дополнителни ПП возила и пожарникари.

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во гаснењето на пожарот доби помош и од воздух, активирани беа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, кои направија два прелети и фрлија вода кон Сопиште.