Ајхан Озмен и Ардијан Аземи ќе боксуваат за златни медали во Врбас – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/19 9:02 AM

Ајхан Озмен и Ардијан Аземи ќе боксуваат за златни медали во Врбас

Македонските кадетски боксерски репрезентативци , Ајхан Озмен и Ардијан Аземи, попладнево во Врбас ќе се борат за златни медали во две категории на Меѓународниот турнир во Србија.Ајхан Озмен во полуфиналето го победи боксерот од Романија, Себастијан Трандафир. За златниот медал ќе боксува со Султан Бабаханов од Казахстан во категоријата до 66 кг.
Во категоријата +80кг, Адријан Аземи во финалето за противник има боксер од Индија, Вишал Гупта. Вчера, во полуфиналето Аземи го победи Алија Месиќ од БИХ .
Ова е голем успех на боксот за Македонија која по подолго време има два финалисти на турнир од А категорија со Меѓународен карактер.