Како реакција на аферата „Рекет“, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ниту еден начин на делување не се исклучува, меѓу кои и протести и блокади. Партијата ги немаше снимките додека не ги објави италијанскиот весник, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
На прашањето дали имале контакти со новинарот на Ла Верита, Лејсер Гајзе, Јанушев негира.
-Не, немаме контакти, меѓутоа и воопшто не разбирам зошто е и битно тоа прашање кое многу во изминатиов период се покрена во јасноста, бидејќи на некој начин се обидуваме да се правиме глуви при уши и слепи при очи, бидејќи видовме, гледаме, има најава и за дополнително објавување на снимки. Се надевам дека ќе имаме прилика да видиме точно за што станува збор.
Во моментот воопшто не е битно кој со кого комуницирал, кој на кого ги дал, од каде се снимките и слично, меѓутоа ќе потврдам уште еднаш лично – не, немаме контакт, вели Јанушев, кој во интервјуот негира дека партијата ги имала претходно овие снимки.
-Не, не, не. Значи не станува апсолутно збор. Веројатно алудирате на она што можеби се случуваше пред неколку години, меѓутоа апсолутно не, одговори Игро Јанушев, во интервјуто за Радио Слодовна Европа.
Извор; РСЕ